Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев рече дека му е драго ако Западот се лути поради тоа што кинескиот претседател Си Џинпинг ја посети Москва.
– Мислам дека и тие се радуваат со нас – рече Медведев на првиот канал на руската телевизија на прашањето дали забележал како Западот реагираше на тридневната посета и средбата на Си со Владимир Путин, пренесува РИА.
– Совршено. Тоа многу ме радува – изјави Медведев.
Тридневната посета на Џинпинг заврши денеска, а аналитирачите имаа мешани коментари во врска со тоа дали Путин го добил тоа што го сакал од Си. Во една анализа се вели дека Путин сепак има повеќе обврски од Џинпинг во нивното пријателство.