Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Свадбата на Меган Маркл и принцот Хари во 2018 година беше еден од настаните во тоа време кој ја окупираше јавноста и светот на шоубизнисот, но малкумина имаа можност да бидат сведоци на она што се случуваше зад камерите, особено на приватната прослава во 2018 година.
Меѓу нив беше и актерот Идрис Елба, кој токму сега откри неколку интересни детали, а според него Меган дала се на подиумот. Така барем тврди Идрис, кој откри како било на бурната забава и што се случувало зад камерите до доцна во ноќта.
Принцот Хари конкретно побара од него да биде ди-џеј на приемот во Фрогмор Хаус, каде што се одржа забавата. Воедно изјави дека Меган најмногу уживала и се опуштила.
„Мислам дека Меган беше таа што навистина се опушти. Знаете, таа беше главна, дива, многу се забавуваше. Тоа беше нејзината свадба, па затоа и најдобро се забавуваше”, изјави актерот за ЕТ Канада.
Идрис го запознал Хари само неколкупати пред венчавката, а претходно на познатата ТВ водителка Елен Деџенерис и признал дека мислел дека се шегува кога го замолил да биде ди-џеј.
„Тоа беше неверојатно искуство, вечерва ја подготвував музиката за вас. Чувствував голем притисок, но беше одлично”, изјави тогаш тој.
Меѓу познатите гости на приватната забава беа Опра Винфри, Дејвид и Викторија Бекам, Амал и Џорџ Клуни, Сер Елтон Џон, Џос Стоун и други.