Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Денешната среда во Македонија носи претежно облачно и посвежо време, со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.
Попладне и во текот на ноќта на места врнежите ќе бидат пообилни, а поради продор на постудена воздушна маса со засилен северен ветер ќе преминуваат во снег на повисоките и на некои пониски места, особено во западните делови. На планините ќе се формира нова снежна покривка, а помала и на некои повисоки места.
Во Скопје ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта кога ќе дува и засилен северен ветер, а дневната температура ќе достигне до 10 Целзиусови степени. Маврово 3, Охрид 8, Битола 9, Крива Паланка 8, Берово 7, Кавадарци 12, Дојран 11.
Утре времето ќе биде променливо облачно и свежо, на места со провејување на слаб снег. Ќе дува засилен до силен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието ќе надминува брзина и над 70 км/час. Во Скопје променливо облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува засилен северен ветер. Дневните температури ќе се движат од 2 до 10 степени.