Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Потонаа сите лаги на Артан Груби и Димитар Ковачевски за странски експерти при надзорот на градбата на коридорите 8 и 10-д. ИРД е само носител на конзорциумот на хартија, а најголемиот дел од парите одат кај „Електра солушн“ која вади лиценца сред јавен повик и „Евро консалтинг“ на бараниот со меѓународна потерница за криминал Бранимир Димитријевиќ, изјави за јавноста во своето соопштение денеска ВМРО-ДПМНЕ.
„Електра солушн“, која поднесува барање за издавање лиценца за надзор по отворање на повикот за прибирање понуди и добива во ек на огласот и „Евро консалтинг“ на криминалецот баран со меѓународна потерница Бранимир Димитријевиќ ќе поделат 70 отсто од парите за надзорот на изградбата на коридорите 8 и 10-д. Толку од меѓународните експерти на Груби и Ковачевски. Уште пофрапантно е што „Електра солушн“, не само што нема искуство во вршење на надзор туку дејност во која има искуство и во која работела порано е, верувале или не, производство на долна облека. Да, добро слушате, фирма со искуство во производство на долна облека ќе го врши надзорот на изградбата на коридорите 8 и 10-д“, изјави пратеникот Бојан Стојаноски, пренесува 360 Степени.
Уште потрагично е што истава оваа фирма своето учество во тендерот го брани со тоа што била контактирана од меѓународни компании да учествуваат заедно на тендерот, додаде тој.
„Кои меѓународни компании ќе бараат фирма која се занимавала со производство на долна облека за учество на најголемиот тендер за надзор во Македонија? И како ја барале таа компанија која нема лиценца, а не барале фирми со децениско искуство? Оваа фирма ‘Електра солушн’ ќе земе 8,2 милиони евра од тендерот од 22 милиони евра, а фирмата на криминалецот баран со меѓународна потерница Бранимир Димитријевиќ ќе наплати 7,1 милион евра. Вкупно овие две македонски фирми ќе наплатат 70 отсто од сумата предвидена за надзорот. Останатите 30 отсто, 4.1 милиони одат кај ИРД од Италија, додека услугите на локалната канцеларија на ИРД во Скопје ќе чинат околу 2,4 милиони евра. Носителот на конзорциумот, ИРД, ќе наплати помалку пари од фирмата со искуство во производство на долна облека и фирмата на криминалецот баран со меѓународна потерница. Кинеската ‘Ептиса’ од овој тендер ќе наплати само 400 000 евра, па се поставува прашањето зошто истите се дел од конзорциумот, или имаат за цел само да вршат увид над техниката и технологијата на американската ‘Бехтел’?“, рече Стојаноски.
Тој нагласи дека само пет лица ангажирани од фирмите се странци, и тоа адвокат од Хрватска, двајца инженери од Србија и еден од Црна Гора, како и директорот на ИРД кој го потпишал договорот.
„Толку од странци. И најголемиот дел од нив се ангажирани за преговарање, а не за надзор, за што ќе наплатат 300 000 евра поединечно. Додека директорот на ИРД ќе наплати како хонорар 1,3 милиони евра. Напумпаните 22 милиони евра ќе се трошат на тешки награди и хонорари, а не на реални работи. Никакви меѓународни експерти не се во игра, туку шема која смрди на корупција. Ги повикуваме Јавното обвинителство додека не е доцна, додека Груби и Ковачевски во целост не ја посрамотиле Република Македонија да отворат истрага и да побараат прекин на работата на надзорот. Секое неделување или задоцнето дејствување ја чини државата пари и образ“, потенцира пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.
За надзорот над „Бехтел и Енка“ ќе се издвојат вртоглави суми – 300 илјади евра по преговарач, 20 илјади евра месечно за надзорен инженер.
Анализата на договорот што ја направи „360 степени“ покажува дека она што на јавноста ѝ се претставува како надзор од меѓународни експерти, всушност, е само завеса зад која доминантно стојат домашни кадри. Од 81 експерт, кои ќе бидат вклучени во надзорот, само 5 се странци од кои четворица од земји од соседството.
Според документите, на 4 лица од правниот тим за преговори за цената на чинење на градбата на автопатските делници им се дадени паушали од 300 илјада евра по човек, односно вкупно за четворицата државата ќе плати 1 200 000 евра.
Најголем дел од 22,3 милионскиот тендер одат кај „Електра солушнс“ или подизведувачите што ги ангажирале. Тоа се околу 8,3 милиони евра. Втора по „тежина“ е, исто така, македонската „Евро консалтинг“, на Бранислав Димитријевиќ за кого има обвинение во Ерменија – за чии услуги се наменети околу 7,1 милиони евра од тендерот. Од останатите пари, 4,1 милиони одат кај ИРД од Италија, додека услугите на локалната канцеларија на ИРД во Скопје ќе чинат околу 2,4 милиони евра. За последниот партнер во конзорциумот, шпанско-кинеска „Ептиса“, се предвидени 400 000 евра.