Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Банкротирањето на Silicon Valley Bank е втор најголем банкрот на некоја финансиска институција во историјата на САД.
Парите на банката ѝ се запленети откако штедачите, главно вработени во технолошката индустрија, почнаа да повлекуваат пари.
Имотот на банката е запленет од американската Федерална корпорација за осигурување на депозити, јавува Си-Ен-Ен, кој пренесува дека банката на крајот на минатата година имала имот од 209 милијарди долари.
Две недели пред банкротот, извршниот директор на банката Грег Бекер, продал 3,6 милиони долари од акциите на компанијата.
Тој продал 12.451 акција на матичната компанија SVB Financial Group на 27 февруари за прв пат по повеќе од една година.
Овој е најголем колапс на една американска финансиска институција во последните 15 години, по колапсот на банката Вашингтон мјутуал за време на финансиската криза во 2008 година.