После 11 години Милан повторно се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Првпат по 11 години, Милан ќе игра четвртфинале во Лигата на шампионите откако синоќа во Лондон одиграа 0:0 против Тотенхем.

Првото полувреме не донесе ништо, не видовме ниту еден шут во рамките и на едната и на другата страна. Тој резултат му одговараше на италијанскиот шампоион, па беше јасно дека Тотенхем ќе мора да тргне по гол во мрежата на Мањан.

Во второто полувреме Милан сепак прв се закани преку Диаз, а на спротивната страна возврати Хојбер, Мањан добро интервенираше. Фостер на голот на Тотенхем беше на висина на задачата кога Жиру се обиде во 68-та минута.

Шансите на Тотенхем се намалија кога во 77-та минута Ромеро заработи втор жолт картон по прекршокот на Тео Ернандез. Иако со играч помалку, Тотенхем создаде една голема прилика и тоа во самата завршница Кејн шутираше со глава, но одново Мањан блесна и не беше совладан.

Веднаш на спротивната страна Милан преку Ориги ја погоди стативата. Сепак, немаа причина да тагуваат зошто и така обезбедија место меѓу најдобрите осум.