Home Актуелно 8. Март секогаш ќе биде ден за одбележување на борбата на жените за рамноправност и работнички права

8. Март секогаш ќе биде ден за одбележување на борбата на жените за рамноправност и работнички права

Меѓународниот ден на жената – 8 Март е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите, како и за нивни работнички права. Осми март за Меѓународен ден на жената е прогласен од страна на Обединетите нации со цел да се одбележи улогата на обичната жена во историјата, како и нејзината борба за еднаквост, правда, мир и развој.

Во Социјалистичка партија на Германија (СПД), Клара Цеткин заедно со Роза Луксембург, нејзина блиска пријателка и лице од доверба, била една од главните фигури на крајнолевото револуционерно крило на партијата. Во дебатата за ревизионизмот на почетокот на 20-от век, таа заедно со Луксембург, ги нападнале реформистичките тези на Едвард Бернштајн.

Цеткин била многу заинтересирана во политиката кон жените, вклучувајќи ја борбата за еднакви можности и правото на глас за жената.Таа го развила социјалдемократското движење за жените во Германија; од 1891 до 1917 го уредувале женскиот весник на СПД Die Gleichheit (Еднаквост). Во 1907 станала водач на новосоздаденото „женско биро“ на СПД. Таа го започнала првиот „Меѓународен ден на жената “ на 8 март 1910, отпочнувајќи ја идејата во Копенхаген.

Првиот Ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка. Во 1910 под закрила на Втората интернационала во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на жените и на неа е одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената, но без да биде утврден точен датум. Следната година, на 19 март 1911, овој празник првпат е прославен од страна на повеќе од милион луѓе во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија. На 8 март 1913 година жените ширум Европа одржуваат мировни собири. По победата на Болшевиците во Русија, а по иницијатива на Александра Колонтај, 8-ми март е прогласен за државен празник.

Симболиката на овој празник треба да биде актуелизирање на барањата за подобрување на условите на работа на жените и квалитативно подобрување на нивниот социјално-политички статус во општеството.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…