Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Активистот за човекови права во Грција, Стилијан Самарџиев (Stilianos Samartzis), на Фејсбук објави видео заедно со православниот свештеник, отец Никодим Царкњас кој појасни како беше нападнат и од кого, пренесува Фактор.
Вели дека и во 21 век се случуваат вакви инциденти и дека ништо не е тргнато напред, особено нема почитување на човековите права.
– Господ Бог ме спаси. Се заклучив во автомобилот и само задното стакло ми го икршија. Сакаа и мене да ме нападнат, но не успејаа. Здрав и жив сум, вели отец Царкњас во видеото снимено во Св. Злата Мегленска.
Истовремено, овој инцидент го осуди и активистот Самарџиев.
-За кои вредности ми говопри Грција, за кои човекови права, срамота е да се напаѓа 80 годишен човек.
Вчера се огласи и професорката Ана Павловска Данева со остра реакција кон властите, кои според неа за овој инцидент ниту збор не кажаа, додека за случајот со Пендиков, се патуваше дури и до Бугарија за да го посетат во болница.