Во фатално стампедо на концерт во Њујорк загинаа две лица (снимка)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Смртоносното стампедо кое го направила публиката на хип хоп концерт во државата Њујорк во неделата беше фатално по живот за две лица кои беа на концертот, а девет други беа повредени. Предмет на истрагата е бројот на присутни на концертот и извештаи дека се слушнале истрели.

Посетителите го напуштиле концертот на раперите GloRilla и Finesse2tymes во Рочестер нешто по 23 часот по локално време, кога дошло до стампедо, навел на прес-конференција во понеделникот началникот на градската полиција Дејвид Смит.

„Имаше извештаи дека слушнале пукање и дела тоа предизвикало паника“, рекол Смит, но додал дека полицијата не пронашла докази за таа теорија.

Полицајците во зградата каде се одржувал концертот пронашле три тешко повредени жени, од кои двете починале подоцна во болница. Третата, 37-годишна жена, е со тешките телесни повреди, а другите се хоспитализирани со полесни повреди, изјави началникот на полицијата, пишува „Ен-би-си њуз“.

Полицијата во понеделникот соопшти дека загинала Рондезија Белтон (33) од Бафало, Њујорк.

Според првичните информации, повредите се предизвикани така што луѓето биле прегазени.

„Немаме докази дека било пукано од огнено оружје или дека некој бил застрелан или прободен со нож. Слушаме многу извештаи за можните причини, вклучувајќи го и можниот број на посетители“, додаде Смит.

Концертната сала во која се случи инцидентот – Мејн стрит ермори – е популарна и може да собере 5.000 луѓе.

„Ќе повикаме на одговорност за она што се случи синоќа“, порачал градоначалникот на Рочестер, Малик Еванс.

„Само што слушнав што се случи…се молам сите да бидат добро“, напиша раперот GlorRilla на Твитер во неделата доцна навечер.

Пред 16 месеци, 10 луѓе загинаа во стампедо на концертот на раперот Тревис Скот на фестивалот „Астроворлд“ во Хјустон, Тексас.