Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Повеќе музеи на современата уметност ширум светот ја „ажурираа“ националноста на водечкиот апстрактен сликар на 20. век Казимир Малевич, пишува Артњуз.
Казимир Малевич, водечка фигура во Супрематистичкото уметничко движење, досега беше опишуван како руски уметник, но бидејќи е роден во Киев, Украина, во семејство на украински Полјаци, тој сега се класификува како украински уметник. Малевич е роден во Киев во 1879 година, кога градот бил дел од Руската империја.
Музејот „Стеделијк“ во Амстердам сега го опишува апстрактниот сликар како украински, додека МЕТ ги прекласификува и него, и други сликари кои се родени или работеле во Украина.
– Ние сега комуницираме во врска со Малевич. Роден во Украина од родители со полско потекло. Оваа информација е веќе изменета на промотивните материјали и текстовите на веб -страниците и ќе биде вклучена во идните комуникации – изјави портпаролот на музејот „Стеделијк“ за Артњуз.
Во меѓувреме, кураторите во Музејот на уметноста Метрополитен во Њујорк прекласифицираа уште тројца други уметници како украински; Аивазовски, Аркип Куинџи и Илја Ретин, кои претходно беа класификувани како Руси, пишува „Артњуз“.