Познатиот моќен адвокат Алекс Мардо прогласен за виновен за убиство на синот и сопругата


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Моќниот американски адвокат од Јужна Каролина, Алекс Мардо, беше прогласен за виновен за убиството на сопругата и синот, со цел да го одвлече вниманието од неговите финансиски злосторства од повеќе милиони долари, јави „Би-Би-Си“.

Поротата расправаше помалку од три часа пред да го осуди Мардо (54) за две точки од обвинението за убиство на крајот од шестнеделното судење. За секое обвинение за убиство му се заканува казна од 30 години до доживотен затвор без помилување.

Меги и Пол Мардо биле застрелани на одгледувачницата за кучиња на нивниот семеен имот на 7 јуни 2021 година.

„Доказите за вина се огромни“, рече судијата на окружниот суд во Јужна Каролина, Клифтон Њуман.

Случајот стана доста познат во САД, по што беа снимени документарни филмови на „Нетфликс“ и „ХБО“.

Мардо во минатото бил влијателен адвокат, а до 2006 година членовите на неговото семејство биле доста влијателни обвинители.

Но, на судењето се дозна дека тој со години крадел од своите правни партнери и клиенти за да ја нахрани зависноста од лекови против болки и екстравагантен начин на живот.

Мардо се изјасни за невин за убиството на неговата сопруга и најмладиот син во обид да ја прикрие долгогодишната финансиска корупција – измама што и тој самиот ја призна пред судот.

На инспекторите им требаше повеќе од една година да го уапсат Мардо.

„Никогаш не би ја повредил Меги и никогаш не би го повредил Пол – никогаш – под никакви околности“, сведочеше Мардо пред судот..

Случајот против него беше целосно заснован на посредни докази. На судењето не беа презентирани никакви директни докази – работи како оружје за убиство, крв на неговата облека или очевидец.

Наместо тоа, обвинителството се фокусирало на инкриминирачкото видео на апликацијата „Снепчет“ снимено од синот на Мардо непосредно пред убиствата. Пол и неговата мајка биле убиени во одгледувачниците на семејниот ловечки имот, познат како Мозел.

Главниот обвинител на Јужна Каролина, Алан Вилсон, по пресудата изјави: „Денешната пресуда докажува дека никој, без разлика кој сте во општеството, не е над законот“.