Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Наредбата од девет збор на грчки јазик која му ја дал стационарот во Лариса на машиновозачот на патничкиот воз „Интерсити 62“, се чини дека се покажа фатална и клучна во судирот на возот што се случи завчера ноќта нешто по 23 часот, пренесува „Прототема“.
„ЛАР 62 – Поминете на црвено светло на излезот до влезот во Неи Пори“ беше наредбата од стационарот во Лариса упатена до машиновозачот на возот 62, бидејќи Неи Пори е следната станица по онаа во Лариса, пишува Фокус.
Καθαρά η εντολή από τον πουτανας γιο σταθμάρχη να συνεχίσει ο μηχανοδηγός σε πορεία σύγκρουσης
Βρείτε ποιος είναι ο πουτανας γιος σταθμάρχης pic.twitter.com/z7hwlAefvm— Sebastian (@Sebasti07996297) March 1, 2023
„Со оглед на тоа што инцидентот се случил на приближно 25 километри од железничката станица, ако стационарецот сфатил дека возот се движи наназад, ќе наредел двата воза да застанат пред да се „приближат“ до кој било од нив“ велат упатени извори.
Она што го рекоа е дека стационарот, кој беше уапсен денеска напладне, не сфатил дека дал погрешна команда и го испратил патничкиот воз на линијата „надолнина“ за Атина каде веќе се движел товарниот воз 63503.
Истите извори, пак, појаснуваат дека дел од одговорноста – очигледно помала – сносат и двајцата машиновозачи бидејќи се обврзани да комуницираат меѓу себе, но и со Хеленик Трејн, бидејќи возовите имаат ГПС.
Набргу по апсењето на началникот на станицата Лариса, се дозна дека тој е виновникот за несреќата и дека меѓудругото е обвинет и за убиство од небрежност, нанесување телесна повреда од невнимание и опасно попречување на превоз на возила.
Најмалку 42 лица загинаа, а повеќе од 130 се повредени кога патнички воз со повеќе од 350 луѓе се судри со товарен воз нешто пред полноќ во Темпи, во централна Грција, во близина на градот Лариса.