The Outwaters – хорор поради кој гледачите предвреме ги напуштаат киносалите со повраќање


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Новиот филмски хорор хит The Outwaters” е толку вознемирувачки што некои гледачи напишаа дека излегувале од кино салата за да се повраќаат, а многу од нив биле погодени од фотографиите и звуците од филмот.

Поради филмот, на многумина им пристигнувале известувања на паметните часовници дека срцето им чука премногу брзо, а многумина имаа напади на анксиозност за вретраењето на филмот од еден час и 40 минути. Филмот прикажува патување во пустината Мохава, кое станува траорно откако групата кампери ќе почне да доживува необјаснети звуци, вибрации и неприродно однесување на животните.

„Тогаш една ноќ се сè менува, кога четворица ќе тргнат на застрашувачко патување низ ужас“, стои во описот на филмот.

Оние кои успеале да го изгледаат филмот ги поделија своите искуства на социјалните мрежи.

„The Outwaters“ е првиот филм од кој имам кошмари“, напиша корисник на Твитер, додека другиот коментира како закрепнува од гледањето на филмот“.

„Од звукот така ми се заврте во главата што морав да излезам за да повратам. Ова никогаш не ми се случило порано“, напиша еден гледач.

„Повеќе е вознемирувачки отколку страшен, ако тоа има никаква смисла“, напиша уште еден гледач на фимот гледачот на Твитер.

Сепак, и покрај сите коментари, филмот доби солидни 71 процент прегледи на критичарите на „Ротен Томато“, а исто така заработи 60% од позитивните оценки на публиката на страницата.