Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Вардар со 28-22 загуби на гостувањето кај Партизан, а навивачите на белградскиот ракометен тим се служеа со палитички пароли и скандирања. Во самиот финиш од мечот пристигнаа и Комитите.
Партизан беше подобар и заслужено го доби мечот на теренот. Импресивен беше нивниот голман кој беше клучот за победата, Трнавац имаше 20 одбрани. Одлични беа и Зечевиќ и Петриќ кои постигнаа по осум гола. Кај Вардар, Талески даде девет гола, но немаше поддршка од другите, Карапалевски и Чувара постигнаа по три гола, Томовски имаше девет интервенции.
Но, во салата доминираа провокациите од навивачите на Партизан кон Вардар.
На трибините имаа грчко знаме, извадоа парола со која порачуваа дека Гоце Делчев е Бугарин, а Комити е српско име.
„Група со српско име, бугарски војник слави, мора да е тешко со таа криза на идентитет во глава“, стоеше на паролата на Гробари.
Тие скандираа и „Јужна Србија, никогаш Македонија“.
Навивачката група на Вардар, „Комити“ имаа вистинско патешествие додека стигнат до Белград. Ги задржаа на српската граница неколку часа, а потоа полицијата бавно ги водеше до салата во Белград, влегоа во 55. минута од натпреварот.
За времето колку што беа, успеаа да извадат една парола на која пишуваше: „Живо ви е кралството, колку и другарството“.