Снежна бура ја отсече Далмација од остатокот од Хрватска – најмалку 25 заглавени автомобили по патиштата


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Интензивните врнежи од снег, проследени со силен ветер во Лика и Горски Котар, ја отсекоа Далмација од остатокот од Хрватска, предизвикувајќи целосен колапс на сообраќајот. Утрово, како што јавуваат хрватските медиуми, нема слободен патен правец за ниту една група возила од Далмација кон внатрешноста и обратно.

Возила за чистење на снег се на патиштата, но голем број луѓе се се уште заглавени. Затоа беа отворени прифатни центри во Грачац, Госпиќ, Обровац и Книн. На терен се и спасувачите од Хрватска горска служба кои помагаат да се извлечат заглавените од снегот.

Хрватските медиуми пренесуваат дека најмалку 25 возила ја игнорирале забраната и влегле во затворениот дел од автопатот А1 кај тунелот Свети Рок. Поради ова тие се заглавени во снегот и екипите се обидуваат да ги извлечат.

Покрај снегот, возачите ги мачи и силен ветер, кој дува со брзина од околу 150 километри на час и на моменти предизвикува ефект на вистинска снежна бура.

Во поголем дел од земјава е претежно облачно, во внатрешниот дел се уште паѓа снег, а долж Јадранот врне дожд и дува силен ветер.

Според последните информации, во метеоролошката станица Госпиќ се измерени 70 сантиметри снег.

Најавите на хрватските служби се дека снегот ќе паѓа и во текот на денот, особено во Горски Котар и Лика, а долж Јадранот се очекуваат врнежи од дожд.

Снегот ја отсече Далмација од остатокот на Хрватска: Колапс во сообраќајот, отворени прифатни центри за заглавените патници

„Далмација денес“ пренесува видео од читателка која со нејзиниот автомобил е заглавена на одморалиштето Зир (Мацола).

„Од 17:30 сме во Мацола, бензинската пумпа е полна, веќе никој не може да влезе ниту да излезе од бензинската пумпа. Никаде нема место, ниту на паркинг ниту на патот. Видовме и неколку плугови, чистеа во насока на Загреб, но во насока на морето немаме видено ниту еден плуг. Некои луѓе се седум часа таму, се уште не сме виделе плуг да чисти во насока на Сплит. Сите сме заглавени. Се е полно, не можеме ни соба да изнајмиме, кафулето е полно“, вели читател од Сплит за „Далмација денес“.