МОН упати препорака до основните и средните училишта повторно да се подготват за онлајн настава


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Министерството за образование и наука во допис до сите основни и средни училишта упати препорака во деновите кога училиштата ќе добијат дојава за наводно поставена бомба да организираат онлајн настава.

Од МОН велат дека повеќе нема да дозволат тој ден наставата воопшто да не се одржи.

Според МОН, за еден час по дојавата за бомба, учениците и наставниците ќе треба да бидат подготвени од дома да се приклучат онлајн за да ја следат наставата.

Во дописот биле посочени и начини за користење на електронските адреси и насоки за зајакнување на контролата за влез и излез во училиштата.