Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Телевизија Канал5 поднесе пријава против две лица за говор на омраза по што се очекува Јавното обвинителство да се произнесе. Кривичните се за сопствениците на порталите Мактел и Народен глас.
„Не сакаме синдромот „Доказ“ да добие масовни размери, а веќе сме сведоци дека принципот на работа на тоа лице го практикуваат и голем број на други физички лица преку свои портали и социјални мрежи“ се вели во соопштението од телевизијата.
“Денес поднесовме пријава до МВР, а од таму ни одговорија дека работат на расчистување на случајот со две лица со иницијали С.И. од Скопје и Р.И. од Прилеп кои повеќе од 5 години користат говор од и на омраза кон вработени во нашата компанија!“ велат од Канал 5.
Имено, двете лица се координирани во последно време, „сопственици“ на два портали: Мактел и Народен Глас и во континуитет пишуваат текстови полни со говор на омраза со што предизвикуваат кај своите читатели дополнителни нагони на омраза што е видливо и во нивните коментари. Со тоа на директен и индиректен начин се закануваат на наши вработени, но и останати колеги и цивилни граѓани на Македонија, при што сметаме , гледајќи го бројот на т.н. банери на особено еден од порталите, се сомневаме дека особено првото лице врши обид за изнуда од нашите вработени, но и нашето правно лице, велат од менаџмент на Канал 5 ТВ.
Тие ги повикаа и јавно ЗНМ и другите новинарски здруженија да поднесат соодветни поднесоци до МВР, но и другите физички и правни лица да пријават и да им се обратат со своите „искуства“ со овие две лица од горепосочените портали.
Веднаш се огласија од Македонската асоцијација на новинари МАН која ги повика надлежните од МВР, но и обвинителството во најкус можен рок да постапат по пријавата на Канал 5 против две лица со иницијали С.И. од Скопје и Р.И. од Прилеп „сопственици“ на два портала: Мактел и Народен Глас кои во континуитет пишуваат ксенофобични написи, написи кои навредуваат, шират говор на омраза и/или поттикнуваат насилство, сексизам, мизогинија, закани кај своите читатели дополнителни нагони на омраза.
„МАН ги повикува сите засегнати лица, медиуми и новинари кои прочитале дека се предмет на ксенофобични написи, написи кои навредуваат, шират говор на омраза и/или поттикнуваат насилство, сексизам, мизогинија, закани, да се придружат на пријавата на Канал 5 и доказите да ги достават до надлежните институции.
Истовремено, ги повикуваме сите компании и физички лица кои биле предмет на изнуда од наведените “сопственици“ на порталите Мактел и Народен глас да ги пријават случаите, а надлежните да постапат по допрен глас и да ги испитаат истите наводи, соопштуваат од МАН.“
Со своја реакција се јавија и од „Народен Глас“, велат Канал 5 телевизија ќе добијат тужба од ,,Народен Глас” и од уредникот Рубин Иваноски.