Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
34 лица беа хоспитализирани во медицински установи по трагедијата која се случи во близина на Софија, кај селото Локорско, каде во комбе беа пронајдени 18 мртви тела на мигранти, но и повредени луѓе. Меѓу починатите има и едно дете од 6 или 7-годишна возраст, јави БНТ.
„Хоспитализираните пациенти се во тешка состојба, но не се во животна опасност. Сè што е потребно пружаме, како итна помош и реанимација“. Ова го соопшти министерот за здравство, д-р Асен Меџидиев, откако на лице место се запозна со здравствената состојба на настраданите во несреќата.
Министерот Меџидиев истакна дека веднаш по пријавата за инцидентот испратени се 6 екипи од Центарот за итна медицинска помош – Софија.
„Во моментов се справуваме со ситуацијата. Колегите реагираат исклучително брзо и професионално. Медицинските установи веднаш обезбедија дополнителни екипи. На настраданите ќе им пружиме најдобра можна медицинска помош“, изјави д-р Меџидиев.
Според првичните информации, мигрантите починале од задушување.
Според информациите на Бугарската национална телевизија (БНТ), мигрантите требало да бидат префрлени од бугарско-турската граница до бугарско-српската граница.