Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Еден од главните кинески инвестициски банкари, милијардеро Фан Бао, е исчезнат без никаква трага, потврдуваат од неговата компанија China Renaissance Holdings, чии акции веднаш по потврдата на оваа информација паднаа 50 отсто.
Бао е водечки деловен посредник во Кина, а меѓу неговите клиенти се врвните технолошки фирми Didi и Meituan, јави Би-би-си.
Компанијата China Renaissance не прецизира колку денови не била во контакт со извршниот директор.
Многумина се загрижени дека ова е пресметка меѓу кинеските власти и деловните и технолошките лидери.
Бао ја основа China Renaissance во 2005 година.
Оттогаш компанијата прерасна во една од водечките финансиски институции во Кина склучувајќи деловни зделки и спојувајќи неколку технолошки фирми во земјата.