ОНапелираат до земјите-членки да се соберат 1 милијарда долари за помош на луѓето во Турција и Сирија погодени од земјотресот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Обединетите нации бараат од земјите кои се дел од оваа организација да соберат преку донации една милијарда долари помош за милионите луѓе погодени од земјотресот во кој загинаа над 43.000 луѓе во Турција и Сирија.

„Денес Обединетите нации упатуваат хуманитарен апел вреден една милијарда долари за народот на Турција кој ги трпи последиците од најразорните земјотреси што ја погодија земјата во последните сто години“, изјави генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Тој рече дека сумата собрана во тримесечниот период ќе им помогне на 5,2 милиони луѓе и ќе им овозможи на хуманитарните организации да ѝ помогнат на владата во обезбедувањето помош во областа на безбедноста на храната, заштитата, образованието, водата и засолништата.

„Турција е дом на најголемиот број бегалци во светот и со години покажува исклучителна великодушност кон своите сириски соседи. Сега е време светот да му покаже поддршка на народот на Турција, исто како што тие се солидаризираа со другите кому му беше потребна помош“, рече Гутереш. Човечките потреби се огромни.

„Луѓето страдаат и не треба да се губи време. Ја повикувам меѓународната заедница да се вклучи и целосно да го финансира одговорот на една од најголемите природни катастрофи на нашето време“, додаде Гутереш. Во Турција и Сирија загинаа околу 42.000 луѓе, илјадници се уште се водат како исчезнати, а регионот е катастрофално уништен.