Ниту една зграда која беше инвестиција од овој човек не се сруши во земјотресите во Турција


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во Турција деновиве беа уапсени голем број сопственици и изведувачи на зградите кои се срушија како кули од карти во фаталните земјотреси кои однесоа над 41.000 жртва.

Меѓу нив не е еден човек чие видео денеска турските медиуми го пренесуваат во текот на целиот ден.

Илјадници згради беа срамнети со земја, но не и зградите на овој изведувач и сопственик на градежна фирма.

Зборувајќи пред една негова зграда која го издржала потресот, вели:

„Додека ги градев зградите ми пишуваа стотици казни, бидејќи моите згради не беа „фенси“, сега ми ѕвонат и ми кажуваат: „Ќе ти дадеме медал, се срушија овие „фенси“ зградите“, вели тој.

Потоа додава дека неговите столбови се изградени без штедење и на солиден начин, за разлика од останатите изведувачи и фирми во тој регион.