Концепт за првата луксузна „невидлива“ суперјахта комплетно изработена со 3D печатач


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Pegasus е 88 метри долга јахта која доаѓа со рефлектирачки „Соларни крила“ кои ѝ овозможуваат да има неограничен досег без емисија на гасови. Концептот авторски го потпишува Џозеф Форакис.

Идејата за оваа јахта со футуристички дизајн потекнува од плажата на островот Куфониси во Грција, а Форакис тврди дека бил „инспириран да направи јахта што е можно поблиску до морето и природата, направена од облаци кои лебдат над водната линија станувајќи практично невидлива“.

„Желбата за невидливост“ го мотивираше Форакис да развие вистинска јахта со нулта емисија, која е невидлива и по дизајнот и по влијанието врз животната средина. Тој и неговиот тим користеа напредни технологии, и постоечки и во развој, за да постигнат невидени нивоа на одржливост и досег.

Тимот, исто така, планира да користи роботско 3D печатење за да создаде мрежеста рамка која ги интегрира трупот и надградбата на бродот.

„Резултатот е исклучително цврста и лесна структура која може да се произведе со помалку енергија, материјали и време во споредба со конвенционалната конструкција“, рече Форакис.