Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
17-годишно момче по име Мухамет и неидентификуван маж беа спасени живи од урнатините на станбен блок во турската провинција Караманмарас, речиси 198 часа по минатонеделниот разорен земјотрес, објави телевизијата Си-Ен-Ен Турк. Во извештајот беа прикажани спасувачи кои ги носат двете лица, врзани на носилки, до амбулантни возила.
Спасувачки vo потрагата по жртвите од земјотресот во Антакија, Турција, сабота, 11 февруари 2023 година.
Спасувачите работеа во текот на ноќта за да ги спасат луѓето под урнатините осум дена по најтешкиот земјотрес во Турција во модерната историја, но надежите за пронаоѓање на уште многу преживеани исчезнуваат. Но, други се подготвуваат за неизбежното намалување на операциите бидејќи ниските температури ги намалија и онака малите шанси за преживување, при што некои полски спасувачи најавија дека ќе заминат утре. Во земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди на 6 февруари и последователниот потрес загинаа повеќе од 37.000 луѓе во Турција и Сирија.
Во разурнатиот сириски град Алепо, шефот за помош на ОН Мартин Грифитс рече дека фазата на спасување „се приближува кон крајот“, при што фокусот е префрлен на засолниште, храна и школување. Сирискиот претседател Башар ал Асад се согласи да дозволи повеќе помош на ОН да пристапи до земјата разорена од војна од Турција, соопштија дипломати доцна во понеделникот.