И Павле Трајанов излегува од Владата


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


И партијата Демократски сојуз на чело со Павле Трајанов излегува од Влада.

По Алтерантива и Павле Трајанов излегува од владиното мнозинство и нема да подржи реконструкција на власта.

– Демократскиот сојуз и понатаму ќе иницира и поддржува реформи поврзани со евроинтеграциските процеси, со започнатиот скрининг процес, како и со законите кои се во интерес на граѓаните и на државата, изјави Павле Трајанов, Демократски сојуз.

Без тројцата пратеници од Алтернатива и еден од Демократскиот сојуз, се намалува мнозинството на власта. Влезот на Алијанса ќе се зајакне со 8 пратеници, но против се најмалку 3 пратеници од ДУИ, од Огнената група која делува против Груби. Дискутабилно е како ќе гласа и пратеникот од Алтерантива Скендер Реџепи Зејд, кој делува како независен пратеник. Ова значи дека новата Влада на СДСМ, ДУИ и Алијанса ќе може да смета на поддршка од максимум 65 пратеници или 64 ако се суди по гласањето на дневен ред на сеницата, кој го поддржаа 64 пратеници.

Со последната рокада на партиите во власта, владата речиси останува на идентично мнозинство од 64 пратеници, што е далеку од посакуваното двотретинско мнозинство од 80, кои се неопходни за уставни измени.

Инаку на седницата за разрешување на тројцата министри од Алтернатива, премиерот изјави дека оваа мини реконструкција на Влада не е мотивирана од тесно партиски интереси на ниту една политичка партија, туку да се зацврсти мнозинството и да се донесе одлука дали државата ќе остане на европскиот пат кој носи прогрес или ќе се втурне државата во нова криза.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат наместо реконструкција, владата треба да распише итни избори. Пратеникот Николовски праша дали Таравари е уценет да влезе во коалцијата заради, како што велат, корупција, односно стекната куќа во скопско Тафталиџе. Од Алијанса вратија – дека Таравари е угледен човек, а корупцијата ВМРО треба да си ја бара во сопствените редови.

По одлуката за влезе на Алиајнса, тројцата министри од Алтератива треба да бидат заменети со кадар на партиајта на Таравари. Кадар на Алијанса ќе седне и во министерството за правда, а со животна средина ќе раководи СДСМ.