Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Турски безбедносни извори кои побарале да останат анонимни „поради медиумски ограничувања“, откриваат дека најмалку 42 осомничени се под истрага во јужната турска провинција Хатај поради ограбување оштетени згради, јави Анадолија.
Уапсени се најмалку 40 осомничени, а безбедносните тимови заплениле шест парчиња оружје, три пушки, накит, банкарски картички, 11.000 долари и 70.000 турски лири (околу 3.700 долари) во готовина, објавија државните медиуми.
Уапсени се уште две лица откако се претставиле како хуманитарни работници и наводно се обиделе да ограбат шест камиони со храна за жртвите од земјотресот во провинцијата Хатај, соопшти агенцијата.
Најмалку шест лица се уапсени и во Истанбул поради наводна телефонска измама на жртва на земјотресот во јужен Газиантеп, јавува Anadolu.
На друго место во земјата, десетици други осомничени беа уапсени за наводни грабежи во области погодени од земјотресот, според турската новинска агенција.
Осомничените се уапсени во најмалку осум провинции, вклучувајќи ги Кахраманмарас, Хатај, Адијаман, Малатија, Османије, Адана, Газиантеп и Шанлиурфа.