Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Двата фатални земјотреси кои ги погодија Турција и Сирија, беа резултат на движење на арапската тектонска плоча. Истите предизвикаа соседната анатолиска плоча, заедно сосе Турција над нејзе, да се придвижи на три метри кон запад.
Турција лежи на главните линии на расед меѓу анатолиската, арапската и евроазиската тектонска плоча, заради што е исклучително трусно подрачје. Сеизмолозите проценуваат дека последниот земјотрес прави расцеп меѓу анатолиската и арапската плоча во должина од 225 километри.
Додека на површина се случуваше човечката катастрофа, под земја на некои си 15 до 20 километри, анатолиската плоча тргнала на југозапад во однос на арапската, што во пракса значи дека Турција се оддалечила од Сирија.
Очекувањата на италијанскиот сеизмолог кој го тврди ова, др. Карло Дољони, е дека најточните податоци ќе бидат познати во следните неколку дена откако ќе стигнат бројките од ЕСА Сентинел и АСИ КосмоСкајмед сателитите.
Со неговите тврдења се согласува и професорот по структурна геологија од Дурам Универзитетот, др. Боб Холдсворт, за кого е сосема разумно да се очекува движење на тектонските плочи при земјотрес со ваква јачина.
„Општо правило е дека земјотрес од 6,5 до 6,9 степени се поврзува со придвижување од околу еден метар – додека кај најголемите земјотреси за кои знаеме имало движење од 10 до 15 метри,“ објаснува Холдсворт.
Од универзитетот во Бристол објаснуваат дека најголемиот дел од Турција лежи на анатолиската плоча, која постојано е притисната од три други големи плочи: евроазиската, арапската и африканската. Ова создава голем расед, источноанатолискиот и северноанатолискиот – кои се склони на честа сеизмичка активност. Ова е затоа што арапската плоча турка кон север во евроазиската плоча, притиснувајќи ја анатолиската на запад кон Егејското море.
Земјотресот во Турција се случи на југозападниот крај на 700 километри долгиот источноанатолиски расед.