Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Светот на тенисот има нова икона кога станува збор за избувливост и нестабилно однесување на терен.
Казахстанскиот тенисер Александар Бублик стана препознатлив по „краткиот фитил“ и јавното манифестирање на нервозата на теренот, а сега не се ни обидува да направи ништо за да си го подобри имиџот. Неговиот нов испад беше виден во Монпелје каде направи сцена на мечот против домашниот играч, Грегоар Бареро.
Бублик тотално незадоволен од резултатот и од својата игра прво го скрши рекетот што го држеше во рака, а потоа дојде до својата клупа и искрши уште два по ред. Сето ова публиката со неверување го следеше, а Казахстанецот подоцна беше поразен по голем пресврт за два и пол часа игра.
El que se levantó tranquilo hoy fue nuestro amigo Alexander bublik. pic.twitter.com/2PvWRB7cUl
— Santiago (@inrainb_ows) February 8, 2023
Без сомнение, Бублик е играч кој привлекува прилично големо внимание со сè што прави, од потези на теренот и тајни сервиси, до расправии со судиите, но и она што се случува надвор од тенисот.