Моќно второ полувреме на „фуријата“: Шпанците се бронзени на Светското првенство во ракомет


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Ракметарите на Шпанија ја одбранија мундијалската бронза откако со фантастична игра во второто полувреме со 39-36 ја совладаа домашната репрезентација на Шведска.

Шведска одигра одлично прво полувреме кое го доби со четири гола разлика, 22-18. По првиот половина час се чинеше дека домаќините се многу блиску до бронзата, но така не мислеа Шпанците.

Шпанија одигра неверојатен втор дел, ракометарите буквално везеа по теренот, го свртеа резултатот и на крајот победија со 39-36 и повторно го освоија третото место на Светското првенство.

Трехо со девет гола беше најефикасен кај Шпанија, Алекс Душебаев постигна седум погодоци. Во составот на Шведска, Екберг постигна седум голови.