Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Потпретстедателот на Движењето Беса, Фатмир Лимани, објави статуси на Фејсбук поткрепени со кус текст, но и со видео снимка од дрон, станува збор за имот што го поседува лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Имот во Македонија, имот на јадранскиот брег во Албанија… Вредноста е некаде 4 милиони евра, пари стекнати по 2001 година… Дел од имотот е „подготвен“ по линијата во изградба на Кородирот 8, пренесува МКД.мк.
Потпретседателот на Беса Фатмир Лимани, кој често пати користи Фејсбук за да пласира, како што вели, вистини за криминалите на ДУИ и на Ахмети, притоа додавајќи и разни илустрации, овојпат во функција стави модерна алатка – дрон со камера со кој што го „лови“ имотот на лидерот на интегративците Лимани ќе запише дека дронот ги снимил вилитие, автомобилите, свадбите, зградите па дури и фабриките на „аристократското семејство кое не го знае почетокот и крајот на луксузниот живот“.
Најнапред Лимани го пласира имотот на Ахмети над неговиот роден Зајас, погоре, во Буковиќ.
А, површината на тој имот е огромна, вели Лимани. Тој објаснува дека снимката открива вили, штали, каменоломи, бетонерки, бачила, полигони, паркови за шетање… И, нагласува: Тука ќе помине Коридорот 8, па ќе се гради отпосле друга инфраструктура.
Значи, нагласува, подготовките за Коридорот траеле со години.
И ден потоа, тој пласира други снимки, како што вели, снимки од „сараите“ на Ахмети, но додава, и на возачот на Ахмети, кој го собира арачот од казината под контрола на Ахмети, за што Лимани веќе говореше за МКД.мк.
Насловот е „Молкот за сараите на Али“. Но Лимани вели: Зарем навистина мислевте дека ќе молчиме? Тој ги поставува следните прашања и очекува одговори:
– Штабот во Тетово (кај Палатата на културата) со чии пари и на чие име е купен?!
– Штабот во Скопје (Чаир) со чии пари и на чие име е купен?!
– Вилата во заливот Лалез со чии пари и на чие име е купен?!
– Хидроцентралите кај Бачишта во чија сопственост се… ?!
– Парцелите во Гољем (кај Драч) кога и за колку се купени… ?!
– Парцели на Али околу Сарај со чии пари се купени… ?!
– Надоместокот кон Швајцарскиот суд за злоупотребената пензија на Али Бег, од кои средства беше вратен… ?!
– 4.000.000 евра од Националниот фонд за слобода, пари кои останаа после војната каде отидоа, кој ги зеде… ?!
Лимани посебно ја нагласува вилата во Ѓири Лалезит, зашто таму вили поседуваат особено богати луѓе, но и плацевите кај Гољем Плаж, на неколку километрри јужно од Драч.