Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
После тримесечно бегство, на аеродромот во Штутгарт полициските службија ја уапсија Мирнеса С.(42), поранешната келнерка во јавноста позната како Мики, која е осомничена дека проневерила милион евра од компанија во Германија.
Таа од вторникот е во женскиот затвор Швабис Гмунд, пишува германски „RTL“. Според германската полиција, Мирнеса во Штутгарт дошла од Црна Гора, а при апсењето била многу смирена. Се зборува дека тамошното обвинителство наскоро и официјално ќе ја обвини за кражба, а ќелијата во која се наоѓа сега е далеку од луксузот на кој е навикната.
Инаку, на социјалните мрежи по апсењето се појави фотографија од Мирнезa, а се гледа дека сега е непрепознатлива. Ја обоила својата руса коса во кафена, била облечена целосно во црно и носела очила за вид.
uhitiše Mirnesu, poznali je po sisama pic.twitter.com/egUEZ48Sun
— 𝕁𝕦𝕟𝕘𝕖 𝕞𝕚𝕥 𝕊𝕥𝕣𝕖𝕚𝕔𝕙𝕙ö𝕝𝕫𝕖𝕣𝕟 (@marrtimmy) January 24, 2023
Мирнеса сега треба да се навикне на тотално поинаков живот од оној што го водела досега, а луксузот ќе го замени со ќелија од 10 квадратни метри. Има само основни работи, кревет, перница, стол, маса и полица.
Доколку биде осудена Мирнеса би можела да добие затворска казна до 10 години, а полицијата сака да дознае се за нејзините соучесници.
Да потсетиме, Мирнеса, која украде милион евра од германска компанија, по што исчезна, во Штутгарт е позната и по прекарот Мики.
Како што претходно информираше германската полиција, Мирнеса на 14 октомври украла пари до кои имала пристап како вработена во компанија за транспорт на пари. Кражбата била откриена истиот ден, а полицијата веднаш започнала истрага.
Мирнеса сакала луксуз, но не можела да си го дозволи. За брендирани производи како „Rolex“, кои таа сакаше да ги покажува на фотографиите на Инстаграм, нејзините пријатели рекоа дека тоа се копии.
Поранешен колега од ограбената компанија, Иван Ангелов изјавил дека прво бил шокиран, но се сетил дека Мирнеса често зборувала дека повеќе не сака да работи, туку да се забавува, пишува „RTL“. Тој додал дека можела сѐ да направи за мажот што го сакала и дека најверојатно сама не го организирала грабежот.