Српските знамиња, „Да живее Русија“ и таткото од Ѓоковиќ (снимка)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Срѓан Ѓоковиќ, таткото на тенискиот ас Новак Ѓоковиќ, во Австралија позираше со навивачи со знамиња на Русија и го извикуваа името на Владимир Путин, поради што српскиот тенисер и неговиот тим добија предупредување од организаторот на Австралија опен.

Видеото на кое таткото на Ѓоковиќ вели: „Да живее Русија“, стана вирално на социјалните мрежи. А во австралиските и британските медиуми доминираат фотографиите од Срѓан Ѓоковиќ како позира со знаме на Русија со ликот на Владимир Путин, тие обвинуваат дека се шири руска пропаганда.

„Таткото на Новак Ѓоковиќ, Срѓан е снимен како се слика со подржувачи на рускиот претседател Владимир Путин на Австралија опен. Срѓан Ѓоковиќ на сликата е со маж кој држи руско знами со лицето на Путин и носи маица со симболот Z. Руските и белоруските знамиња и симболи се забранети во Мелбурн пак“, објавува „Би-Би-Си“.

„Телеграф“ пренесува дека организаторите на Австралија опен веќе побарале од тимот на српскиот тенисер да се воздржат од политички изјави.

Тениската федерација на Австралија го предупреди Новак Ѓоковиќ и неговиот татко дека не е дозволено да се промовираат политички ставови во текот на турнирот.

„Мала група на луѓе истакна непристојни знамиња и симболи и му се закануваше на обезбедувањето по мечот во средата навечер. Тие беа отстранети. Играчите и нивните тимови се информирани во врска со знамињата и симболите со цел да се избегнат непријатни ситуации. Продолжуваме блиску да соработуваме со безбедносните агенции и агенциите за спроведување на законите“, пишува Тениската федерација на Австралија.