ФК Пирин го откажал дуелот со ФК Скопје – не сакале пријателски меч со Македонци


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Навивачите на ФК Пирин од Благоевград побараа од раководството на клубот да го откаже пријателскиот натпревар против ФК Скопје, и барањето им било прифатено.

Навивачите на Пирин сметаат дека во Македонија се врши репресија врз нивниот народ, тие бараа да не играат со Македонци, велат дека за нашата земја треба само вето, санкции и целосно игнорирање.

„За нас е неприфатливо да играме пријателски меч со Скопје поради неодаманешните настани во РСМ. Ширењето омраза кон Бугарија, бугарскиот народ и народот со бугарска самосвест мора да има свои последици. Нашите браќа од западот мора да разберат дека Бугарија и Бугарите не им се непријатели. Како и да е, подмолното и лицемерно однесување на граѓаните и институциите во Македонија мора да се санкционира. Токму затоа, ние навивачите на Пирн застануваме зад Бугарите во РСМ како знак на солидарност и со оглед на репресијата која тие ја трпат, инсистираме на откажување на контролниот натпревар. Вето, санкции и комплетно игнорирање додека не научат да не почитуваат“, се вели во соопштението на навивачите.

Управата на ФК Пирин го прифати барањето на фановите и го откажа натпреварот против Скопје.