Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Иако хрватските ракометари убедливо ја победија репрезентацијата на Бахреин со 43-32, сепак, „коцкестите“ не изборија пласман во четврт-финале на ракометното Светско првенство 2023 во Шведска и Полска, бидејќи за тоа им требаше Данците да загубат од Египет со дури 12 гола разлика.
Ова донесе големо разочарување кај хрватската спортска јавност, која очекуваше борба за медали или барем за останување во игра за пласман на ЛОИ 2024 година, поради што по средбата селекторот Хрвое Хорват во телевизиско интервју доби логично прашање дали ќе си поднесе оставка. Наместо одговор, тој само ѝ фаќаше сеир на новинарката отворајќи ја устата без да пушти глас, што го правеше и на прашањето дали ја има поддршката на хрватскиот ракометен сојуз.
На прашањето дали имал разговор со луѓе од сојузот. Хорват само отвораше уста,а претходно правеше и гестикулации.
– Што беше некоја грешка ? Одговорив, заврши Хорват.
Со вакво бизарно однесување тој го започна и го заврши интервјуто, на крајот праќајќи срциња до гледачите на телевизијата РТЛ. Ваквото однесување на Хорват предизвика револт кај многу ракометни легенди од оваа држава, како Шпрем, Вуковиќ и Метличиќ, како и кај поранешниот светски и олимписки шампион, Божидар Јовиќ.
„Без текст сум. Ова што го направи Хорват е лакрдија и срамота. Бламажа на селекторот кој треба да ја претставува Хрватска во светот. Скандал од светски размери“, изјави меѓу другото Јовиќ.
26.01.2023.
Hrvoje Horvat mlađi,izbornik rukometaša Hrvatske pic.twitter.com/bO5bzI2cum— 🎖 🅽🅴🅲🅹🅴🅿🅸Š🅰 🎖 (@RashoVeljkov1) January 23, 2023