Претседателот Пендаровски предложи бугарскиот политичар Џамбаски да се прогласи за „персона нон-грата“ во Македонија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Македонскиот претседател Стево Пендаровски, на седницата на Советот на безбедност, предложил на институциите односно Владата и МНР, да го прогласат бугарскиот пратеник Ангел Џамбаски за персона „нон-грата“, а тоа би значело да му се забрани влез во Македонија.

Освен за Џамбаски, забрана, Пендаровски предлага забрана за влез во Македонија и за други бугарски државјани поради понижување и негирање на македонскиот народ, пишува А1Он.

„На вакви антидржавни кампањи кои ги спроведуваат политички партии и поединци можеме да одговориме на два начини. Првиот е со културна дипломатска реторика како досега и тој круг на провокации кој предизвикува насилство сигурно нема да заврши. Второ со мерки кои секоја сериозна и организирана држава ги презема во вакви случаи. Мојот предлог до Владата е согласно одредбите на Законот за странци да му забранат влез во земјата да му забранат влез на еден пратеник од Бугарија во Европскиот парламент и на неколку други лица државјани на Бугарија поради дејствија кои ги преземале порано и натаму ги преземаат против нашата држава. Законските услови за таква мерка постоеше порано и се уште постојат тоа се закана за националната безбедност, закана за јавниот поредок и закана за меѓународните односи на РСМ. Тоа значи дека ако лицата се од надвор од земјата да не им биде дозволен влез и да бидат прогласени за персона нон-грата“, кажа Пендаровски.

Дел од лицата за кои Пендаровски побарал да им се забрани пристап во Македонија веќе од претходно имале мерки и биле протерувани.

„Поводот за седницата на Советот за безбедност не беше само немилиот настан во Охрид, бидејќи тоа е само мал дел во мозаикот. Според достапните анализи и сознанија, се работи за организирани активности од страна на структури во Бугарија, кои се активирани по усвојувањето на преговарачката рамка во јули минатата година. Овие структури се мобилизирани, логистички и финансиски, за да го поддржат организираното доаѓање на повеќе лица на 4. февруари кога го одбележуваме денот на раѓањето на Гоце Делчев. Според сите проценки, тоа ќе биде настан од висок безбедносен ризик и надлежните органи не смеат да бидат неми набљудувачи на тоа што се случува“, додаде Пендаровски.