Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Познатиот космонаут и воен пилот Баз Олдрин, кој светот го знае и ќе го памети како вториот човек кој стапна на Месечината во мисијата Аполо 11 во 1969 година, се венча со својата долгогодишна девојка на својот 93. роденден.
Олдрин објави фотографии на Твитер од венчавката со новата сопруга д-р Анка Фаур (63), со која повеќегодини е во врска. Венчавката се случила завчера, на 20 јануари.
– На мојот 93. роденден, и на денот кога бев одликуван со орденот Живи легенди на авијацијата, задоволство ми е да соопштам дека се венчавме со мојата долгогодишна љубов Анка Фор. Стапивме во брак на мала приватна церемонија во Лос Анџелес и возбудени сме како тинејџери кои што избегале за да се земат – напиша Олдрин на Твитер.
On my 93rd birthday & the day I will also be honored by Living Legends of Aviation I am pleased to announce that my longtime love Dr. Anca Faur & I have tied the knot.We were joined in holy matrimony in a small private ceremony in Los Angeles & are as excited as eloping teenagers pic.twitter.com/VwMP4W30Tn
— Dr. Buzz Aldrin (@TheRealBuzz) January 21, 2023
Анка Фаур е хемиски инженер технолог и е извршен потпретседател на компанијата на Олдрин, „Баз Олдрин венчрс’.
Олдрин се венчаше и се разведуваше три пати пред да стапи во брак со Фор. Тој е единствениот жив член на тричлениот екипаж на Аполо 11. Нил Армстронг беше првиот астронаут кој стапна на месечевата површина, а 19 минути подоцна тоа го направи и Баз.
Откако ја заврши својата кариера како астронаут, Олдрин признава дека не знаел што да прави со својот живот. Се борел со депресија и алкохолизам, но пред повеќе од 40 години се ослободил од зависноста и се посветил на бизнисот. Поранешниот астронаут се повлече од НАСА во 1971 година, а во 1998 година ја основаше фондацијата „Шер спејс“, непрофитна организација за промовирање на истражувањата на вселената.