Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи, кој денеска во Софија, со бугарскиот колега Николај Милков, го посети повредениот охриѓанец Христијан Пендиков упати јасна порака до сите бугарски политичари дека нема да се толерира навреда, негирање или понижување на македонскиот народ.
„Ние нема да дозволиме негирање на бугарската заедница во Македонија, но нема да дозволиме ниту негирање на македонскиот народ, и затоа сакам да упатам порака дека и тие провокации дека треба да престанат. Значи секое доаѓање во Македонија со цел навреди кон македонскиот народ, негирање на македонскиот народ, ќе мора сериозно да го адресираме и тоа да биде последно доаѓање во Република Северна Македонија“, изјави Османи.
Дали Османи со ова најави дека ќе му биде забранет влез во Македонија на европратеникот Ангел Џамбаски? Со оглед на фактот дека пораката на Османи доаѓа по серијата изјави на европратеникот од ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски, и на лидерот на парламентарната партија Преродба, Костадин Костадинов, дадени во Скопје за „еден народ, две држави”
„Значи денес сме овде за Кристијан и насилството мора да го осудиме, но исто така да потенцирам и провокација од политичари кои доаѓаат во Македонија, среде Скопје и го негираат и го навредуваат македонскиот народ тоа мора да го прекинеме и затоа упатувањето е дека тоа ќе биде последно доаѓање на секој кој ќе ги навреди македонците македонскиот народ или било која друга заедница, исто како што и ние нема да дозволиме никој да ја навреди бугарската заедница„ рече Османи пред бугарските новинари додавјќи дека меѓуетнички соживот е нешто што го градиме 30 год и нема да дозволиме односно ќе имаме нула толеранција за се што го нарушува меѓуетничкиот соживот. Бугарската заедница е и ќе биде почитувана заедница во Македонија и ќе ги имаат сите права и слободи и привилегии како и секој друг граѓанин и заедно Македонци, Албанци, Турци и други ќе живеат подеднакво слободни, изјави Османи.