Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во Македонија е регистриран првиот случај на зараза со новиот подсој на омикрон, „кракен“, соопштија од Институт за Јавно Здравје (ИЈЗ). Се работи за варијанта на новиот коронавирус која брзо се шири, но дава благи симтоми.
„Кај еден примерок, од вкупно 32, е детектирана XBB.1.5 омикрон сублинијата позната како кракен. Пациентот кај кој е детектирана новата сублинија е од Гевгелија, a примерокот е земен на 11.01.2023 година“, појаснуваат од ИЈЗ.
Селектираните примероци што се секвенционирале од ИЈЗ биле од последните два месеци – декември и јануари.
„Кај 8 примероци е детектирана BA.2 сублинијата на Омикрон сојот. Кај останатите 23 SARS-CoV-2 примероци е детектирана ВА.5 сублинијата на Омикрон“, додаваат од Институтот.
Новиот коронавирус ја предизвикува болеста Ковид-19, а неговото појавување на самиот крај на 2019 година во Кина, предизвика сериозна пандемија во целиот свет. Сепак, новите мутации на вирусот, барем досега, иако побрзо се шират даваат и послаби симптоми.
Од Комисијата за заразни болести минатата недела оценија дека епидемиолошката состојбата е стабилна и нема потреба од дополнителни мерки. Од почетокот на пандемијата, Ковид -19 во земјава зема над 9000 животи.