Покажување син картон во ракометот е вистинска реткост – овој успеа да заработи токму таков на светското првенство (снимка)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


23-годишниот ракометар Пол Скорупа, родум од Дизелдорф, но по мајка Американец, па настапува за ракометната репрезентација на САД, направи вистинска глупост на актуелното светско ракометно првенство.

За време на мечот кој САД го загубија 32:27 од Бахреин, Скорупа во еден дуел го гризеше за рака Хусеин Алсајад после што доби црвен па син картон. Црвениот значи исклучување до крај на средбата, а син картон значи постапка и пријава до дисциплинско тело кое одлучи тој да биде исфрлен од првенството.