Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тини Стоесел, девојката на Аргентинецот Родриго Де Пол, кој игра за Атлетико Мадрид, откри интересен и необичен детал од моментите кога фудбалерот си дошол дома по шампионското славје со аргентинската репрезентација за освојувањето на мундијалскиот трофеј на Светското превенство во Катар.
Де Пол на Мундијалот доби и прекар „телохранител на Меси“ затоа што беше секаде на теренот покрај Аргентинецот.
„Се yби пиејќи додека славеше и дома си дојде мpтов пијан. Морав многу да се грижам за него во тие моменти, не можеше да престане да слави.
Во еден момент му кажав „Те сакам“. Сакав малку да се смири, а тој му одговори: „И ја те сакам Меси!“ Ништо не ми беше јасно потоа“, раскажа Стоесел.
Инаку, Стоесел е една од најпопуларните пејачки во Аргентина. Со претходната сопруга Де Пол има две деца.