Со милијардерите и светските политички лидери во Давос пристигнаа и швајцарските проститутки


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Пристигнувањето на милијардерите и другите бизнис тешкаши, заедно со светските политички лидери на Светскиот економски форум, во монденското планинско гратче Давос пристигнаа и една „ергела“ швајцарски проститутки.

Дел од девојките кои работат како ескорт дами и сексуални работнички за време на траењето на самитот наводно имаат резервирано соба во истите хотели во кои престојуваат учесниците на самитот. Дел од нивната стратегија за настанот кој почна на 16 јануари е да бидат во бизнис облека за да не се издвојуваат од толпата која деновиве е таму.

Од друга страна сопственичката на „сервис за придружба“ од Аргау, на околу 160 километри од Давос, за Билд изјавува дека веќе има 11 резервации за нејзините девојки, а 25-мина изразиле интерес за услугите. Таа објаснува дека наскоро очекува дополнителни резервации, а дел од ескортите се ангажираат и за да присуствуваат на најразличните забави што се организираат вон сесиите на СЕФ, пренесува ОффНет.

Саломе Балтус

Секс работничката и писателка, Саломе Балтус на Твитер пишува:

„Дружење во Швајцарија за време на СЕФ значи зјапање во цевките на оружјето на обезбедувањето во хотелските ходници во 2 часот наутро, а потоа делење со нив на чоколатца од ресторанот и оговарање на богаташите.“ Друга сексуална работничка која го користи името Лиана открива дека цените за нивните придружба и услуги се движат од 700 евра за час до 2.500 евра за цела вечер, пари кои сигурно не се никаков проблем за богаташите кои моментално се во Давос.

Во 2020, британски Тајмс прави истрага во Давос и открива дека најмалку 100 проститутки присуствуваат таму за време на самитот.

На годинешниот самит учествуваат речиси 600 ЦЕО-а и над 50 државни лидери од цел свет.