Владиката Петар: Во Бигорскиот манастир имаме парацрковна структура на чело со Партениј


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во неговото последно интервју за ТВ Сонце, митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар обвини дека во Бигорски манастир имаме парацрковна структура на чело со епископот Партениј.

На интернет страницата на Бигорскиот манастир веднаш стигна и одговорот од епископот Партениј – неосновани тврдења и злонамерни инсинуации. После проблемите со ПОА на македонскиот, па српскиот владика Јован, ова е уште еден сериозен проблем меѓу свештените лица на МПЦ-ОА.

Владиката Петар вели дека Бигорскиот манастрир функционира како парацрковна структура во МПЦ-ОА, а епископот на манастирот Партениј преземал негови ингеренции како претседател на одделот за соработка на православните цркви.

„Ова прашање мора да го ставиме на дневен ред на Синодот и да го решиме. Ние нема да дозволиме парацрковна организација во лицето на епископот Партениј, заедно со неговата структура во Бигорски и тамошните монахињите кои мешетарат во мојата епархија. Им порачувам на сите да се тргнат од мојата епархија, да не ми прават проблеми. Сериозна е ситуацијата, ова е сериозен проблем за нашата црква. Ние го решаваме проблемот со ПОА, а сега се појавува нов проблем со оваа парацрковна структура чии припадници и по националноста и по духовната структура знаеме кај тргаат“, вели владиката Петар.

Веднаш стигна и одговорот од Бигорскиот манастир.

„Монологот на владиката е од маргинален карактер и како таков не заслужува никакво внимание… Тој владика јавно злословеше дека Бигорскиот манастир бил некаква си ‘парацрква’, притоа земајќи си слобода да критикува епископ и манастир што не се во негова надлежност – нешто што не е во согласност со црковните канони. Се разбира, оваа сериозна клевета нема ни трошка вистина во себе. Nie како монашка заедница сме нераскинлив дел од нашата најсвета Црква, на којашто доброволно сме ѝ ги посветиле своите животи во жртва и послушание.

Понатаму, тој владика инсинуира мислење дека ние сме небаре предавници и кривоверци…Ќе ги потсетиме загрижените дека ние сме православна монашка заедница, која верува и ги исповеда догмите на едната, света, соборна и апостолска Црква, учењето на светите отци на православната црква и одлуките на вселенските собори. А во однос, пак, на нашата националност – иако и ова прашање влегува во делот од интимата на секоја личност – ние, сепак, за да нема дополнителни недоразбирања, јавно објавивме дека своето граѓанско право на изминатиот попис го исползувавме, за да ја декларираме својата македонска национална припадност.

Според правните дефиниции, ваквиот настап на митрополитот се толкува како говор на омраза и како поттик и повик за јавен линч – нешто што не му приличи на еден духовен водач и подлежи на кривична одговорност…“, се вели во одговорот на Бигорскиот манастир.