Богојавленска временска прогноза


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Денешниот празничен ден, 19. јануари, Водици, во Македонија носи променливо облачно и релативно топло време со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во ноќните часови кога локално ќе бидат поројни (над 30 л/м2) и на места проследени со грмежи. Ќе продолжи да дува засилен до повремено силен јужен ветер (над 70 км/час) и ќе биде релативно топло.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 17 Целзиусови степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во ноќните часовии Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 14 степени.

Утре ќе има врнежи од дожд, особено попладне и во ноќните часови кога локално ќе бидат поројни (над 30 л/м2) и на места проследени со грмежи. Ќе продолжи да дува засилен до повремено силен јужен ветер (над 70 км/час) и ќе биде релативно топло. Од петок ќе има значително заладување и врнежите од дожд на повеќе места постепено ќе преминуваат во снег. На планините ќе се формира позначителна снежна покривка, а помала, особено во сабота и во некои пониски места. До средината на следната седмица ќе има повремени врнежи од дожд и снег со променлив интензитет.