Вторничка временска прогноза


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Времето во Македонија денеска, вторник, 17. јануари, ќе биде променливо облачно и ветровито. Особено во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд, кои на северозапад ќе бидат пообилни (над 25 л/м2). Снег ќе има само на највисоките врвови. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец, а дневната температура ќе достигне до 13 Целзиусови степени. Маврово 4. Окрид и Крива Паланка 11, Битола 12, Берово 9, Кавадарци 13, Дојран 14.

Утре времето ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Претежно во западните делови ќе има врнежи од дожд, кои претпладне во северозападните делови ќе бидат пообилни. Снег ќе има само на највисоките врвови. Ќе дува засилен ветер од јужен правец.

Во Скопје променливо облачно, во утринските часови со повремен дожд, во текот на денот со сончеви периоди. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец, а дневните температури ќе достигнат до 16 степени .