Министерот Османи пристигна во официјална посета на Украина


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Претседавачот на ОБСЕ, Бујар Османи, утрово пристигна на Главната железничка станица во Киев, каде во својство на Претседавач со ОБСЕ ќе оствари посета на Украина.

Османи, по пречекот веднаш се упати во посета на градот Бородјанка, во киевската област, кој е силно погоден од воените дејствија, известува МНР.

Посетата на Османи на Киев е во рамките на реализацијата на еден од главните приоритети на Претседавањето – состојбата во Украина, со посебен фокус кон луѓето на терен кои се најпогодени од воената агресија.