Не „згазија“ со 10 разлика: И Холанѓаните пресилни на терен за македонските ракометари


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Македонската репрезентација го запиша вториот пораз на Светското првенство, откако вечерва бевме поразени од Холандија со 34:24.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров беа рамноправни само во првите пет минути од мечот, кога водевме со 1-0, 2-1 и 3-2. Потоа следуваше серија од 5-0 на Холанѓаните за водство од 7-3 по што „лалињата“ не го испуштија водството до крајот на полувремето.

Слабата игра во одбраната, како и фантастичните одбрани на голманот Равенсбергер, направија Холандија да изгледа супериорно и на одмор заминаа со предност од (18:11).

На почетокот на второто полувреме заигравме подобро и во првите десетина минути успеавме да дојдеме до четири гола негатива, но потоа следеше нов пад на играта. Холандија ни одржа вистинска лекција и на крајот славеше со 34:24.

Најефикасен во холандската селекција и на натпреварот беше Смитс со 10 голови, а во нашиот тим по четири погодоци постигнаа Филип Кузмановски и Жарко Пешевски.