Катерина Крстева пред три месеци го загубила синот единец – блиските велат дека починала во огромна тага по него


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Веста за смртта на легендарната актерка Катерина Крстева, која почина денеска на 85-годишна возраст, предизвика тага и сочувство кај цели генерации кои пораснаа со нејзиниот лик и глас. А денес нејзиниот колега, актерот Гоце Тодоровски за „Фокус” откри детали од нејзиниот живот.

Тој раскажа дека Катерина се омажила кон средината на своите 40-ти години за Мишо Ратковиќ, и кога останала бремена на возраст од 49 години, колегите, но и самата таа знаеле да кажат дека е вистински медицински феномен.

За син и Александар раскажа дека го поминал детството со неа, во театарот, бидејќи татко му починал додека бил доста мал, а мајка му посветено го изгледала. Изјави дека се слушале телефонски со Катерина, со која имаа многу заеднички проекти, и кажа дека е загрижен за Александар, кој немал семејство и живеел заедно со мајка му, од нејзината скромна пензија.

Но, блиски пријатели на Александар за ,,Фокус” велат дека приказната е многу потрагична. Појаснуваат дека очигледно колегите на Катерина се немале слушнато со неа изминативе три месеци, бидејќи Александар починал на 36-годишна возраст во септември.

-Многумина не знаат што се случи, дека Александар почина, бидејќи Катерина сосема се повлече по неговата смрт, се осами. Таа го пронајде мртов во нивниот дом, тој беше предобар човек, весел по природа, но имаше свои проблеми. По неговата смрт мајка му, за која тој беше целиот свет, се тргна од се и тивко свена. Трагедија е сето кое се случи, тој немаше семејство, не остави потомство. И двајцата со мајка му беа добри луѓе, ведри, но ете, се случи тоа што се случи… Катерина, која го расположуваше народот со своите улоги целиот живот, на крај доживеа најголема болка, и таа си почина со тежина на душата – ни изјавија пријатели на Александар.

Додаваат дека не треба да им се замери на колегите бидејќи не знаеле за трагедијата, затоа што малкумина дознале што се случило. Дополнително ќе биде соопштено кога ќе се одржи комеморацијата за легендарната актерка, која беше погребана денес.