Home Живот и здравје Варијантата „кракен“ – нов здравствен предизвик и закана и за Европа

Варијантата „кракен“ – нов здравствен предизвик и закана и за Европа

Агенцијата на ЕУ за контрола на болести има добри и лоши вести кога станува збор за ХББ.1.5, подваријанта на коронавирус под прекарот „кракен”, која хара во Америка и ги држи епидемиолозите будни во текот ноќта, пишува Политико.

Лошата вест е дека XББ.1.5 брзо се шири, најверојатно затоа што има некои големи предности во однос на тековно доминантните соеви на омикрон. Добрата вест е дека Европа има време да се подготви ако и кога заразениот број ќе почне да расте.

„Постои можност оваа варијанта да има сѐ поголем ефект врз бројот на заболени од ковид-19 во ЕУ/ЕЕО, но не и во наредниот месец, бидејќи варијантата во моментов е присутна само на многу ниско ниво“, пишува Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) во својата проценка.

Во средата, техничкиот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за ковид-19 Марија Ван Керхова рече дека здравствената агенција е загрижена за брзината, со која оваа подваријанта ги заменува другите варијанти. Во САД, помина од 4 проценти од секвенционираните случаи на 40 проценти за неколку недели, според координаторот за одговор на ковид на Бела куќа.

Сепак, сè уште не е познато дали може да предизвика потешка инфекција.

ЕЦДЦ пишува дека забрзаното темпо на ширење е веројатно последица на можноста на подваријантата да ја избегне заштитата на имунолошкиот систем обезбеден од претходни инфекции или вакцинирање. Исто така, има мутација на својот шилест протеин – дел од вирусот што се врзува за клетките на домаќинот – што може да обезбеди одредена предност.

Оваа субваријанта е само „трепет на радарот во Европа“ во однос на бројот на случаи, наведе ЕЦДЦ иако беше откриена во Данска, Франција, Австрија, Холандија, Германија, Италија, Шпанија, Шведска, Исланд, Белгија, Чешка, Португалија и Ирска. Податоците што доаѓаат од САД сугерираат дека XББ.1.5 агресивно се шири, при што случаите се удвојуваат на секои девет дена.

Опасноста е дека експлозијата на случите се совпаѓа со веќе тешката сезона на грип и респираторниот синцицијален вирус, кој ги оптоварува болниците. Во Белгија, властите за јавно здравје прогласија епидемија на грип поради зголемувањето на случаите, а кулминацијата се очекува за три или четири недели.

Сепак, само затоа што оваа подваријанта предизвика експлозија на случаи во Соединетите Држави, тоа не значи дека такво сценарио ќе се случи и во Европа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Дали правилно ги консумирате чиа семките? Сè што треба да знаете за максимални придобивки

Дали правилно ги консумирате чиа семките? Сѐ што треба да знаете за максимална корист Чиа …