Ноле се изнервира и ги избрка брат му и менаџерот од ложата на трибината на финалето во Аделаид (снимка)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Кон крајот на првиот сет во финалето на турнирот во Абелаида помеѓу Новак Ѓоковиќ и Себастијан Корда беше видена една несекојдневна ситуација.

Имено, откако го загуби својот прв сет Ѓоковиќ го избрка својот брат Марко и на неговиот менаџер, Италијанецот Едоардо Арталди од ложата на трибините. Новак гестикулираше со раката, а потоа и им викна „надвор“ на италијански. Тие двајца брзо ја напуштија ложата.

Сепак, на крајот, Ѓоковиќ го освои турнирот со 2:1 (6:7, 7:6 и 6:4).

Во мечот видовме вкупно три брејка, што покажува колку и двајцата тенисери беа доминантни на свој сервис.

Ѓоковиќ го освои најважниот, последниот за 6:4 во третиот сет со што стигна до нов трофеј и на вистински начин го најави настапот на Австралија Опен.

За Ѓоковиќ ова беше 92-трофеј во кариерата со што се изедначи со Рафаел Надал на врвот.

Ѓоковиќ успеа да спаси меч-топка во вториот сет кога во 12. гем Корда беше блиску до победа. Српскиот тенисер успешно се одбрани за потоа во тај-брејк да слави со 7:3.

Како што одминуваше времето Ѓоковиќ играше се подобро, додека Кодра почна греши, а тоа тенисер како Новак добро знаеше да го искористи.