Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Taжна вест ни пристигнува утрово од Италија, на 58-годишна возраст почина италијанската фудбалска легенда Џанлука Вијали.
Пред пет години Вијали дозна дека има рак на панкреасот и во првиот обид успеа да победи, меѓутоа болеста се врати и беше приморан да се повлече од репрезентацијата на Италија по ЕУРО 2020 каде што беше во улоган а помошник.
Вијали до последен момент се бореше, а неговата изјава кога му беше откриен ракот покажува за каков човек стануваше збор.
„Се плашам од cмртта, тоа е нормално. Не знам кога моето светло ќе се изгаси и не знам што има од другата страна на тунелот и сум возбуден да дознаам.
Ќе бев сигурно посреќен да не бев болен, но сега го прифаќам тоа како дел од животот и мора храбро да го живеам да научам нешто. Животот е 10% она што ни се случува, а 90% како ние реагираме на тоа“, зборуваше Вијали.
До повлекувањето беше помошник во италијанската репрезентација на Роберто Манчини на Европското првенство во 2020 година.
Вијали е легенда на италијанскиот фудбал и како фудбалер настапуваше за Сампдорија, Јувентус и Челзи. Во 1991 година со Сампдорија ја освои единствената титула во историјата на овој клуб.