Ибра на плажа во Мајами мами воздишки од понежниот пол


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


41-годишниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ моментално е на одмор во Мајами, а папараците го уловиле на плажа како гордо го покажува своето мускулесто тело.

Златан се шета покрај плажата како да знаеше дека го фотографираат и патем ги покажа своите интересни тетоважи, а освен што го покажа своето тело, се капеше во морето и остатокот од времето го помина на плажата во друштво на неговите синови и другите деца со кои играл фудбал.

Златан оваа сезона сè уште нема одиграно ниту еден натпревар за својот Милан, а причината е долгото опоравување по тешката операција на коленото. Но и понатаму сметаат на него во Милан и тој има договор со нив до крајот на јуни 2023 година.

Додека чека зелено светло за да се врати на теренот, Златан тренира, но и убаво се забавува и патува, па неодамна можеше да се забележи меѓу навивачите на Мундијалот. Редовно објавува слики на Инстаграм и ги информира обожавателите каде е и што прави.